Шпанскиот судија, Матеу Лахоз нема да биде во конкуренција за судење на последните натпревари од Светското првенство.
Матеу Лахоз е судија кој често знае да го привлече вниманието на себе, така беше и на мечот меѓу Аргентина и Холандија.
Делеше картони како од шала, а на крајот и двете репрезентации негодуваа на неговото судење.
Судиската организација реши да го повлече Лахоз од листата и да не го стави во комбинација за последните четири меча од Мундијалот.