Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот премиер Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.
На барање на адвокатот на Груевски рочиштето е затворено за медиумите, а деталите ќе се знаат во текот на денот. Поранешниот премиер утрово бил уапсен во Будимпешта по барање на судот.
Македонија бараше екстрадиција на Груевски за двегодишната затворака казна за случајот “Тенк“ и за настаните во Собранието каде е осомничен како еден од организаторите.