Судот на БиХ нареди апсење на Милорад Додик

Судот на Босна и Херцеговина, на предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, издаде налог за апсење на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ поради сомнеж за нарушување на уставниот поредокот.

Налогот за апсење ќе биде доставен до сите полициски агенции во БиХ.

Претходно, Обвинителството на БиХ го извести Судот на БиХ дека Милорад Додик е недостапен, по што судијата на претходна постапка на Судот на БиХ му одреди мерка притвор.

Да потсетиме, иако Обвинителството на Босна и Херцеговина испрати покана до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да одговори на сослушувањето во оваа институција, тој не одговори на оваа покана, ниту премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, Стевандиќ.

Додик требаше да се појави во Обвинителството на Босна и Херцеговина во случај кога е осомничен за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Сепак, токму како што најави, Додик не се одзва на оваа покана.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.