Судот на Северина ѝ нареди присилна наплата во износ од околу 20.000 евра – Oва е причината!

Одлуката за присилна наплата била донесена од Општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а повисокиот суд ја одбил жалбата на Северина.
Продолжуваат финансиските проблеми на хрватската пејачка Северина Којиќ (48). На крајот на минатата година, финансиската агенција FINA во Хрватска издала налог за присилна наплата на Северина во износ од околу 20.000 евра.
Судот и одредил присилна наплата бидејќи не го вратила хрватскиот пасош, односно пасошот, на нејзиниот малолетен син Александар на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер и таткото на детето, бизнисменот Милан Поповиќ.
Одлуката за присилна наплата ја донел Општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а повисокиот суд ја одбил жалбата на Северина. Во одлуката се вели дека ако пејачката не постапи според одлуката, на Поповиќ ќе треба да му плати околу 133 евра за секој ден одложување.
Ова не е прва казна што судот и ја изрекол на Северина затоа што таа не постапила според судската одлука. Имено, во јуни минатата година, судот во Загреб ја казнил пејачката во износ од околу 666 евра, затоа што таа на својот профил на Instagram објавила фотографија од нејзиниот син и по судската забрана. Подоцна ги отстранила фотографиите, а судот ја предупредил дека следниот пат, ако објави фотографија од нејзиниот син на социјалната мрежа, казната ќе биде околу 1.333 евра.

Северина и Поповиќ сè уште се расправаат на судот за тоа кај кој родител ќе живее детето. Во ноември 2019 година, судот во Загреб донел конечна пресуда според која момчето ќе живее со својот татко, додека неговата мајка ќе може да го гледа во договорено време. Севе поднесе жалба против таа пресуда, а сплитскиот суд сè уште не ја решил нејзината жалба.
Како што неодамна беше напишано, Северина минатата година го назначи својот менаџер Томислав Петроиќ за директор на нејзините две компании.


Имено, како што велат, Северина е сопственик и основач на компанијата „DUK production“ и „Добродошао у клуб“, а Петровиќ и таа се косопственици на компанијата „Глазбени програм“. Пејачката ги основаше тие компании во пресрет на својата турнеја „ Добродошао у клуб “, а организацијата му ја препушти на рацете на вештиот музички менаџер Ален Кључ.
Сепак, минатата година, Томислав Петровиќ беше запишан на позицијата директор, откако по седум месеци се распадна соработката на релација Кључ -Северина.
Минатата година се шпекулираше дека компаниите, кои се во сопственост и ко-сопственост на Северина, акумулирале повеќе од околу 226.666 евра долгови во 2019 година. Компанијата „ Добродошао у клуб “ доби поддршка и за исплата на минимални плати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.