Судот пресуди во корист на Мараја Кери: Пејачката не ги прекршила авторските права со хитот „All I Want for Christmas Is You“

Судот пресуди во корист на поп-пејачката Мараја Кери во тужбата во која се тврди дека таа незаконски копирала елементи од нејзиниот празничен мегахит „All I Want for Christmas Is You“ од истоимената кантри песна.

Окружниот судија на САД, Моника Алмадани во Лос Анџелес, во средата рече дека авторите на песната „All I Want for Christmas Is You“, групата „Винс Венс и Валијантс“ не успеале да докажат дека нивната песна била објективно доволно слична со онаа на Мараја Кери и дека нивните авторски права се повредени, пренесува „Гардијан“.

Песната „All I Want for Christmas Is You“ од „Винс Венс и Валијантс“ беше објавена во 1989 година и се најде на листите на Билборд за време на празничната сезона во 1990-тите.

Песната на Кери се појави на нејзиниот албум „Merry Christmas“ од 1994 година, оттогаш стана глобален хит и е на врвот на топ-листата Билборд Хот 100 секоја празнична сезона од 2019 година до денес.

Текстописците Енди Стоун и Трој Пауерс поднесоа тужба во 2023 година, барајќи отштета од најмалку 20 милиони долари.

Кери минатата година одговори дека песните се „сосема различни“ и тврдеше дека слични елементи, како што се „снег, подароци под елката, желба за сакана личност и Божиќ“ се заеднички за многу божиќни песни.

СудикатаАлмадани во средата утврди дека песните не се доволно слични за поротата да заклучи дека Кери ги прекршила авторските права, наведувајќи ги разликите во нивните мелодии, текстови и други музички елементи.

Пронајдете не на следниве мрежи: