Судот ја одби жалбата, Јанева останува во притвор

Кривичниот суд и ја отфрли жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија за МИА од Кривичниот суд.
Судот синоќа одреди триесетдневен притвор за специјалната јавна обвинителка Јанева. Притворот го бараше Јавното обвинителство поради основано сомнение дека Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист.
Судијата Сеад Реџепагиќ вчера ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.
Обвинителката Вилма Рускоска синоќа по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека заедно со Јавниот обвинител сметале оти во овој момент било неопходно да и се одреди мерка притвор на Јанева. Таа истакна дека истрагата продолжува и оти засега нема други осомничени, што не значи дека таа не може да се прошири и на други лица.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.