Судски документи: Руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од Google

Руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од сметките на Google во руските банки и ги инвестирале во медиуми кои ја поддржуваат руската војна во Украина, пишува денеска британски Телеграф, повикувајќи се на судски документи.

Според документите доставени од Google до американскиот суд, руските извршители ги конфискувале тие средства во 2022 година и на тој начин ја турнале руската филијала на компанијата во банкрот.

Според судските документи, поверениците ги дале средствата на руските ТВ канали, вклучително и државната РТ и Царград ТВ, пропагандна служба која ветила дека ќе ги искористи средствата за поддршка на војната на Кремљ во Украина, пишува британскиот весник.

Пронајдете не на следниве мрежи: