Супербрз воз излета од шините во Јапонија

Јапонски супербрз воз со околу 130 патници излетал во саботата од шините во северниот дел на Јапонија, каде што се регистрирани обилни снежни врнежи, меѓутоа нема информации за повредени, забележуваат локалните медиуми.Локомотивата на субербрзиот воз „Комачи“ број 25 се излизгала од чините на железничката линија Акита – Шонкасен во префектурата Акито, јави националната јапонска телевизија NHK која емитуваше снимки на коишто  првите луѓе на железницата ги прегледуваат тркалата на возот кој патувал за Акито.Според телевизијата, машиновозачот ја повлекол кочницата за итни случаи, откако слушнал необична бука. Причината за несреќата сé уште не е утврдена, меѓутоа се претпоставува дека возот излетал од шините поради големите врнежи од снег, според локалните медиуми.Информациите уште не се потврдени. Источнојапонската железница, компанијата којашто управува со овој дел од железничката мрежа во земјата, соопшти на својата интернет страница дека сообраќајот на супербрзите возови во споменатата област е во прекин поради големите снежни врнежи.
МакфаксЈапонски супербрз воз со околу 130 патници излетал во саботата од шините во северниот дел на Јапонија, каде што

Пронајдете не на следниве мрежи: