Супер храна против стареење и холестерол – зошто треба да јадете круши секој ден?

Крушите се полни со антиоксиданси и билни влакна кои се одлични за нашето тело. Содржат витамин Ц, витамин К, бакар и калиум.
Крушите се супер храна против стареење. Еден од антиоксидансите кој го содржат – процијанидин, се покажува дека ја олеснува работата на срцето. Исто така се покажало дека го намалува и нивото на лош холестерол во крвта.
Друг антиоксиданс во крушите – кверцетин, го намалува ризикот од висок крвен притисок и висок холестерол.


Во едно истражување во кое учествувале 20.000 луѓе во текот на 10 години, се покажало дека доколку секој ден внесувате 25 грама овошје со бела средина (како крушата), значително се намалува ризикот од мозочен удар.
Иако се слатки, овие овошки се поврзани и со намален ризик од дијабет. Диеталните влакна помагаат за побавно варење на храната и телото има повеќе време за да ги разгради вишокот шеќери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.