Претставниците на „Супорт Кочани“, здружението кое се формира за поддршка на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, во поткаст кај Ландов, соопштија дека новата директорка на кочанската болница ја прекинала соработката со нив.
„Новата дирекотрка пред да стане директорка, цео време доаѓаше во „Супорт Кочани“, за да ни каже што недостига во болница, но откога стана директорка не сака да соработува со нас.“ – велат од здружението
Ја споменуваат и хипербарната комора која не е ставена во функација иако тие ја обезбедиле. Според кочанската болница, таа не е ставена во функција бидејќи е со помалку бари од другите комори кои се користат во приватните болници.



