СУРТУЦИ ЕМ ШУТРАЦИ

Овие тутурутки ги оставија за на крај да свират… турцу! Демек тие, пратеници од првиот парламентарен состав, се обидоа да одглумат некакви авторитети пропалитетети и да бидат шлаг на тортата… референдумска. И навистина, се покажаа како такви. Од сите глупости и гафови што имавме прилика да ги регистрираме, овој нивен настап можеби беше најголема утка. Рекоа ние сме УСТАВОТВОРЦИ! Ако прифатиме дека биле заслужни за носењето на првиот Устав на РМ, како може да прифатиме дека сѐ уште се добри со здравјето, пред сѐ менталното. Па, зарем здрав човек поддржува НЕУСТАВЕН РЕФЕРЕНДУМ?
Па, зарем здрав човек би поддржал КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ во безброј точки?! Не е логично УСТАВОТ, за кој самиот тој вели дека го донел за сите да го ПОЧИТУВААТ, тој прв го КРШИ!
КОЈ НОРМАЛЕН УСТАВОТВОРЕЦ РАБОТИ НА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИОТ УСТАВ ЗАРАДИ УКИНУВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СЀ СО ЦЕЛ ДА СОЗДАДЕ НОВА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, А ПРИТОА ДА ГО ЗАТСКРИВА ПРЕДАВСТВОТО, НАРЕКУВАЈЌИ ЈА ЕВРОПСКА!!!
– Смешно беше објаснувањето на Алил Џафероски, на забелешката дека овие што “истрчаа” се само околу 25-26. Тој изјави дека многумина од првиот состав се починати! Но, да се потсетиме, дека првата седница ја отвори најстариот пратеник, докторот од Велес. Тој, најстариот, беше тука меѓу присутните. Човечето е на фотографиите. Стои лево и облечен е во жолто. Сигурно по завршувањето на прес конференцијата, многумина од присутните го побараа рецептот за долг живот од докторот, зашто тој иако најстар си го тера животот, а многумина помлади “изумреле”!
– Смешен беше и обидот на Михаил Пановски да ја потврди тезата која од неодамна почна да се турка, дека борците МАКЕДОНЦИ во составот на ДАГ се бореле рамо до рамо Грците, за да воспостават комунистичко општество!!! А бе сурат, ЗАПАМЕТИ: Можеби Грците за тоа се бореа, но на МАКЕДОНЦИТЕ СЕКАДЕ ПРИОРИТЕТ ИМ БЕШЕ БОРБАТА ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА; понатаму за социјална правда; и на крајот беше идеолошката борба! Така беше во Вардарска, така во Беломорска, така во Пиринска Македонија! Зае*ете ги тезите на Андов и таквите како него!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.