Сутлијач со додаток бело чоколадо

Сутлијач, или сутлијаш, е еден од древните деликатеси во кои уживаат многу генерации. Потеклото на сутлијачот е Турција, а многу е распространет и на Балканот. Сепак, како и другите рецепти, постојат различни верзии, а една, дефинитивно вкусна, е оваа со додаток на бело чоколадо.

Подготовката на сутлијач е многу лесна и трае околу 30 минути, а додавањето на бело чоколадо ќе ви даде побогат вкус.

Потребни состојки:
250 гр ориз
800 мл млеко
200 мл вода
100 гр бело чоколадо
3 кесички ванилин шеќер
мелен цимет
½ лажичка сол

Подготовка:
Истурете ја водата во тенџере и посолете. Додадете 250 грама претходно измиен ориз и варете на умерен оган 10 минути. Потоа додадете млеко и ванилин шеќер и варете додека оризот не биде готов.
Кога ќе се свари оризот, додадете го белото чоколадо и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Смесата сипете ја во помали садови и одозгора посипете со цимет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.