Сѐ што правите е залудно – секој систем има почеток и крај, само го одложувате неизбежното

Системот е исплашен. Системот, следи, снима, денунцира. Помагаат и домашни и странски служби за са се одржи ова статус кво.

Исплашени се и сите оние на позиции во системот кои знаат дека не ги заслужуваат кои знаат дека поради партија направиле се во животот.

Се обидуваат да ја угушат младоста, пролетта, промената.

Не се свесни дека не можат.

Ако нема протест, денес ако нема утре, ќе има за месец, два … година. Страшно е што за тоа време ќе има непознат број нови жртви на системот кој е пред колапс.

Секој еден систем има свој почеток и крај, силните држави го предвидуваат тој момент и нечујно се трансформираат. Системите како нашиот кој функционираат паразитски прават се никогаш да не дојде до промени. Најгласни се оние кои имаат малку затоа што ќе го изгубат и она малку што го имаат, а тие што имаат милиони на сметките ги инструментализираат за да натоварат уште некој милион.

Се што правите е залудно и е одложување на неизбежното. Молчењето, фразите чекај да ги видиме што ќе направат, може и полошо, зошто ти мораш гласно да зборуваш не донесоа до тука.

Се што правевме како македонски народ и граѓани на Македонија до сега не може да доведе до промени и подобар живот за сите.

Историјата ќе памети кој бил на вистинската страна, историјата ќе памети дали сте се обидувале да го спасите системот или да ги извадите последните цигли за да почнеме од почеток од темел.

ЛИНК од објава на Фејсбук

Пронајдете не на следниве мрежи: