СЈО конфискуваше од Трансмет околу 14.5 милиони евра

СЈО ја завршила конфискацијата од „Трансмет“, компанијата на осудениот Сеад Кочан, а истото планира да го стори со „Силекс“, но од негова сестринска фирма, по пресудите во случајот „Труст“. Специјалното обвинителство информира дека заплената на имотот на „Трансмет“ е во вредност од 459.952.842 денари готовина и движен имот од 427.138.000 денари што е околу 14.5 милиони евра. СЈО сакале остатокот од вредноста за обештетување на државата да ја надополни со вредност на имотот на РИК „Силекс“, бидејќи оној „осудениот“ Силекс нема имот и пари.
Специјалното јавно обвинителство го чека и решението од Апелација по нивната жалба од октомври за првостепената пресуда за случајот „Труст”. Обвинителите од СЈО сметаат дека затворските казни треба да бидат поголеми и дека Законот за трговски друштва во овој случај дозволува конфискација на имот и на РИК „Силекс” од Кратово. Според обвинението, осомничените раководители на двете фирми си формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.