СЈО нема докази за идентитетот на прислушуваните

Договори за рекламен материјал за локалните избори во 2013-та, негова дистрибуција, распоред на советниците на листите за локалните совети-oва е дел од содржината на прислушуваните телефонски разговори кои се слушаа на рочиштето за предметот „Титаник“. Адвокатите реагираат дека Специјалното обвинителство не поседува докази за идентитетот на луѓето чии имиња се слушаат во т.н “бомби“.„Обвинителството нема докази за кого се работи, која е комуникацијата помеѓу луѓето што се слушаат, меѓутоа тие нагласуваат имиња и временски период. Одбраната во понатамошниот тек ќе се произнесе за тоа“, изјави Петар Василев, адвокат.За предметот „Титаник“, СЈО понуди повеќе од 1.000 телефонски разговори, близу 6 илјади писмени докази и 190 сведоци. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, министрите за транспорт, внатрешни и уште 17-мина. Според Специјалното обвинителство, тие со злосторничко здружување злоупотребиле пари за финансирање на изборни кампањи, а одговараат и за повреда на избирачкото право.

Пронајдете не на следниве мрежи: