Сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо

Дали сте чуле за млеко од авокадо? Можеби веќе сте имале можност да го пробате овој пијалак, кој сè почесто се наоѓа на полиците во маркетите, но тој не е баш таков каков што го замислуваат повеќето луѓе. Веројатно замислувате кремасто млеко богато со хранливи материи, направено со цедење на ова вкусно овошје, но всушност процесот е малку покомплициран.
Сè што можеби не сте знаеле за млекото од авокадо
Млекото од авокадо е всушност направено од овесно млеко. Она што го издвојува од класичното овесно млеко е додатокот во форма на замрзнато сушено авокадо. Покрај додавањето кремаста текстура и навестување на вкусот, светло-зелената боја, витамините и хранливите материи што ги содржи авокадото, ова е начин пр


За да го направат ова млеко, производителите купуваат авокадо, кое иако е вкусно и здраво, однадвор не изгледа премногу привлечно, поради што купувачите го прескокнуваат во продавниците. Иако овие плодови чинат помалку во продавниците и на тој начин им се подостапни на купивачите, производителите на ова млеко плаќаат повеќе за нив, така што земјоделците кои ги садат овие плодови ќе имаат корист од целата приказна.
Насадите со авокадо се наводнуваат со дождовница наместо со традиционални системи за наводнување, поради што еколошкиот фактор е многу присутен во целата приказна. Исто така, секоја година се садат околу 100 нови дрвја авокадо на плантажите, со цел да се намали емисијата на штетни гасови и со тоа да се спаси планетата. Исто така, ова млеко е спакувано и дистрибуирано во рециклирана пластична амбалажа.
Ако на почетокот на приказната сте биле разочарани од фактот што не купувате 100% млеко направено со цедење на омиленото овошје, неговите еколошки фактори ја надополнуваат оваа разлика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.