Сè што треба да знаете за слабеењето со јаболков оцет

Секој којшто се обидува да ослабе бара разни додатоци во исхраната што можат да му помогнат. Јаболковиот оцет навистина се прослави на тој план. Причината е тоа што е лесно да се најде и е евтин. Се верува дека консумирањето малку јаболков оцет наутро му помага на телото подобро да се справи со шеќерот во крвта и прави подолго време да се чувствувате сити.
Сè што треба да знаете за слабеењето со јаболков оцет
Што претставува јаболковиот оцет?
Јаболковиот оцет се прави од ферментиран јаболков сок. Сокот ферментира во алкохол, а бактериите го консумираат алкохолот и го претвораат во оцетна киселина. Кога се дигестира, оцетната киселина се разложува на водород и ацетат. Јаболковиот оцет се продава дестилиран и нефилтриран и во него остануваат природните бактерии. Наводно, овие бактерии помагаат во слабеењето.


Зошто да консумирате јаболков оцет?
Ферментираната храна, како јаболковиот оцет, е добра бидејќи го поттикнува размножувањето на добрите бактерии во стомакот. Здравите бактерии во стомакот се поврзани со помала телесна тежина и со подобро здравје. Според некои истражувања направени на животни, оцетната киселина има многу здравствени придобивки. Сепак, бројот на овие истражувања е мал и потребни се уште за да се откријат сите придобивки од јаболковиот оцет.
Јаболковиот оцет и дебелината
Едно истражување спроведено во Јапонија во 2009-та година открило дека оцетната киселина помага во слабеењето. Испитаниците биле поделени во три групи – првата група консумирала 1 лажица јаболков оцет, втората 2, а третата била плацебо група и не консумирала јаболков оцет. На испитаниците им се наредило да се откажат од алкохолот, но воглавно да продолжат со животот како дотогаш.
По 12 недели, испитаниците кои консумирале оцет успеале да изгубат по некој килограм. Исто така, тие имале пониско ниво на триглицериди. Ацетатот, состојката што се наоѓа во телото кога се разложува оцетната киселина, најверојатно има позитивен ефект на контролата врз апетитот.
Јаболковиот оцет и шеќерот во крвта
Друго истражување покажало дека оцетната киселина во оцетот им помогнала на пациентите со дијабетес тип 2 да го подобрат нивото на инсулин и шеќер во крвта. Истражувањето направено на стаорци открило дека оцетната киселина го намалува нивото на шеќер со тоа што го симулира црниот дроб да го отстранува шеќерот во крвта.
Јаболковиот оцет и чувството на ситост
Едно истражување во кое испитаниците биле луѓе открило дека јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта по оброк полн со јаглехидрати. Истото истражување покажало дека нивните стомаци побавно се празнеле, што значи дека подолго време биле сити.
Кои се несаканите ефекти?
Кога консумирате јаболков оцет, најдобро е да го растворите во вода. Немојте да го консумирате пред вежбање бидејќи може да ви предизвика киселини. Поради киселоста, јаболковиот оцет може да ги оштети забите. Затоа секогаш темелно мијте ги вашите заби по консумирањето.
Како да го вметнете јаболковиот оцет во вашата исхрана?
Повеќето луѓе го раствораат во чаша вода и ја пијат мешавината наутро. Еден од наједноставните начини да го вметнете јаболковиот оцет во исхраната е да го користите во салати.
Какви резултати да очекувате?
Ќе откриете дека јаболковиот оцет ќе ви помогне во контролирањето на телесната тежина и можеби ќе ви го намали апетитот.
Важно е да имате на ум дека овие истражувања се навистина мали. Сепак, тие дале охрабрувачки резултати. Конзумирањето јаболков оцет е навика со малку ризици, но веројатно со многу придобивки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.