Аманда Бајнс (38), поранешна детска ѕвезда и сон на секој маж, денес е речиси непрепознатлива. Таа помина низ драматични промени во нејзиниот живот кои се одразија на нејзиниот физички изглед.Американската актерка Аманда Бајнс, која се прослави во филмовите за деца како „Таа е најдобра“ и „Се што може една девојка да посака“, претрпе драматични промени во животот. Откако станала зависна од алкохол и дрога, нејзиниот изглед и животниот пат целосно се промениле.Таа неодамна беше фатена како шета по улиците на Лос Анџелес, каде што беше речиси непрепознатлива . Актерката која извесно време носеше црна коса, сега ја обои косата во црна.На фотографиите изгледаше нерасположено, но не обрнуваше внимание на фотографите и присутните минувачи.Аманда Бајнс неколку пати се лекувала на клиники за рехабилитација, но сега тврди дека успеала да ја надмине зависноста.Сепак, минатото оставило длабока трага на нејзиниот изглед, а денес таа не е личноста која сите ја познаваа за време на нејзиниот најголем успех во кариерата.Во 2012 година актерката беше уапсена поради возење под дејство на опијати, а една година подоцна беше фатена како пуши марихуана во фоајето на зградата.Подоцна подметнала пожар пред куќата на луѓе кои не ги познавала, поради што била ставена под старателство. Таа помина девет години под надзор, а минатата година судијата одлучи дека е способна да се грижи за себе, со што и го прекина притворот. Меѓутоа, минатата година завршила во психијатриска болница откако прошетала гола на улица.Аманда некогашРусокосата слатка со крупни тиркизни очи порано беше главната актерка на секоја американска тинејџерска комедија и сон на секој млад човек. Слатките улоги одлично и одговараа, но се чини дека славата и дојде прерано.
Пронајдете не на следниве мрежи: