Глумицата Кејти Холмс живее многу скромен живот и покрај нејзиниот статус, пари и слава. Неодамна папараците ја уловија во подземната железничка во Њујорк како се вози со метро и чита книга како секој типичен човек од Њујорк.
Иако Кејти Холмс се појавува на црвен тепих и патува со приватни авиони, таа е една од ѕвездите која води прилично скромен приватен живот, чие богатство се проценува на 25 милиони долари.
Покрај статусот на ѕвезда и кариера која трае повеќе од 20 години таа успеала да ја сочува гордоста и својот живот го води како сите луѓе со одблесокот на рефлекторите.
Исто така, познато е дека нејзината ќерка Сури има сличен стил како својата мајка, заедно одат да пазаруваат и имаат целодневни заеднички активности.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.