Таа е една од најубавите пејачки на Евровизија, но во Италија е на големи маки поради поранешниот фудбалер на Јувентус

Црна Гора оваа година на Евровизија ќе ја претставува пејачката Владана Вучиниќ со песната „Breathe“, а овие денови таа е во центарот на вниманието каде и да се појави поради природната убавина со која плени насекаде.
Евровизија годинава се одржува во Торино, Италија, па таа има голема мака со тамошните власти, особено граничната полиција, рецепционерите и сите кои ќе го слушнат нејзиното име и презиме.
Бидејќи таа има звучно презиме Вучиниќ, Италијанците веднаш ја поврзуваат со Мирко Вучиниќ кој беше поранешен играч на Рома, Јувентус и Лече.


-Јас кога и да слетам во Италија и да ми го видат пасошот, одма ми велат, „Мирко Вучиниќ“, како да ми е некој роднина или сопруг, вели пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.