Веб-страницата „Celebrity networth“ неодамна објави податоци кои покажуваат колку пари заработиле нашите пејачи во текот на својата кариера.
Според податоците кои можат да се најдат на веб-страницата „Celebrity networth“, југословенската пејачка Лепа Брена вреди 16 милиони долари.
Според споменатата веб-страница, починатиот пејач, Шабан Шаулиќ во текот на животот заработил 20 милиони долари.
Една од најпопуларните пејачки од нашите простори, Драгана Мирковиќ, вреди вкупно 30 милиони долари. Нејзината слава одамна ги надмина границите на Србија, а популарна е и во Бугарија и Романија.
Драгана е сопственик на сателитската телевизија ДМ САТ.
Имено, најголемата српска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вреди неверојатни 80 милиони долари.
Инаку, сајтот наведува дека популарноста на Цеца не престанала да расте од моментот кога се појавила на сцената во 1988 година, а досега има издадено 15 студиски албуми.
Покрај сите наведени имиња, ниту едно не може да ѝ парира на пејачката Диди Ј.
Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, во 2013 година се омажи за ИТ експертот Данијело Роквиќ, кој е дваесет години постар од неа.
Кога се во Србија, живеат на Врачар во куќа од 500 квадрати. Имаат три куќни помошнички, бидејќи гардеробата на Дијана вреди половина од куќата и треба да се оддржува.
Пејачката сега планира да го реновира целиот кат и да го претвори во гардеробер.
– „Ќе има цел кат од стакло и огледала. Ќе имам само мој гардеробер, еден ѕид за чанти и еден ѕид за чевли“ – открива пејачката.
Во својата колекција Дијана има „Hermes Birkin чанта“ во портокалова нијанса која чини исто како два стана во Белград.
Имено, за таа чанта, која се продавала за 100.000 долари, имало листа на чекање од дури шест години.
Пејачката купила чевли на кои, како што вели, има златни „ролекс“ часовници, а чинат 2.000 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.