Таа извика „Алаху акбар“! Застрелана жена во Париз, се заканувала дека ќе се разнесе!

Француската полиција застрела жена облечена во хиџаб, која се закануваше дека ќе се разнесе на метро станица во Париз, извикувајќи Алаху Акбар.

Според првите информации таа не била вооружена. Според Дејли Мејл, жената била застрелана во стомакот и моментално е во критична состојба.

Сè се случи утрово на станицата во 13-тиот арондисман, во време кога на станицата имаше многу луѓе.

Полицијата добила повик околу 08:30 часот и брзо излегла на лице место. Според изворот, жената била застрелана околу 9:20 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.