Таа има 26 години, невина е, а момчињата бегаат од неа како од ѓавол!

Елен Буркхарт (26) има диплома од колеџ, добра работа, свој стан и богат социјален живот. Речиси по сите мерки таа е успешна жена. Сепак, таа има проблем да си најде момче бидејќи, како што сама вели, сите бегаат од неа кога ќе им каже дека е невина и дека не сака секс пред брак.

“Не постои добро време да му соопштите на момчето дека сте невина, а особено НЕ да му кажете и дека сакате невиноста да ја изгубите во брак. До пред три години ова не ми претставуваше проблем, но сега веќе станува. Сум имала многу момчиња, но ниту една сериозна врска. Се дружев со нив и тие ме гледаа како “другар””, раскажува таа.

Елен е конзервативна христијанка која верува дека не би требало да се вклучи во сексуален однос пред брак.

“Отсекогаш сум верувала дека за секс мора да постои љубов. Покрај тоа, јас сум многу пребирлива личност и сакам да имам се’ под контрола. Не сакам да правам грешки и сум перфекционист. Но колку подолго време немам секс, толку сум понервозна и пољубопитна… по нетрпелива и понесигурна”, раскажува Елен.

Сите момчиња на кои им кажала дека сака да почека до брак за да има секс реагирале различно.

“Некои глумеа дека се’ е во ред мислејќи дека ќе успеат да ме убедат да се предомислам. Тоа обично резултира со предигра, со приказни за екстремното задоволство кое го пропуштам, додека некои ми велеа дека сето тоа е во ред, освен доколку тоа не значи дека ќе треба да чекаат предолго, до година или две. Некои пак веднаш ми раскинуваа. Некои глумеа дека прифаќаат па ми раскинува два дена подоцна”, објаснува таа.

Имала и големи расправии со момчињата кои одлучиле да се обидат да се воздржат, но на крајот се откажувале.

“Јас не сум против сексот. Не сум ниту имуна на желбата. Ми ласка кога момче кое се гледа со мене сака да ми ја искине облеката и да води љубов со мене. Ме излудува кога ми шепоти на уво и ме задева на начин на кој навистина ме возбудува. Во тие ситуации навистина се запрашувам дали вреди да чекам до брак. Но за сите овие 26 години сфатив дека од сите искуства и можности, најскапоцена е онаа “да сакаш некого”. Уште одамна си објаснив на себе дека сексот и љубовта одат рака под рака и дека не можат да се одвојат. А мојата одлука да останам девица до брак е донесена чисто поради тоа за да се уверам себеси дека ќе имам секс со вистинскиот маж. До тогаш – нема секс!”, тврди Елен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.