Мерјем Узерли игра во новата серија RU со многу помладиот Бурак Берки Агкул.Мерјем Узерли, која се прослави како Султанката Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, повторно е во центарот на медиумското внимание благодарение на нејзиниот нов проект.Станува збор за серијата „RU“, во која таа ја игра Рејан, жена која има 38 години и се заљубува во Узер, момче кое има само 18 години. Тие двајца доживуваат голема романса во мал град на брегот на Егејското Море. View this post on Instagram A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem)Рејан има карактер кој во некои аспекти е сличен на мојот“, вели Мерјем за магазинот „Хуриет“. „И кога ќе падне, таа секогаш се враќа”. Актерка со турско потекло која живее во Германија има постојано полна агенда.Само што заврши со фестивалот во Кан и лансирањето на серијата, го чека снимањето на нова реклама за светски бренд. „Сега читам нови сценарија и барам улога за која чувствувам дека најмногу ми одговара“, објаснува Мерјем.За последната улога доби многу пофалби, но има и критики за нејзиниот изглед кој е „впечатливо вештачки“ покрај нејзиниот многу помлад колега Бурак Беркеи Агкул.„Изгледа како да е 20-30 години постара од него“, „како да и е син“, „целата оваа пластика не и вреди ништо , поприродна е, поубава“, се коментарите на фановите кои веќе се заинтригирани од врската меѓу Мерјем и Бурак.Познатата „султанка“, пак, тврди дека нејзиното срце е само семејството и работата. “Во мојот приватен живот сè уште ја чекам вистинската личност. И тоа е тешко да се чека, тешко е да не се направи нешто погрешно во процесот. Но, не се откажав, се уште се надевам на љубов, верувам дека вистинската љубов ќе ме најде“, вели Мерјем. „Во моментов сум среќна и сама”.На прашањето – која е „вистинската личност“ , убавицата одговара: „Тој е на ваше ниво во духовна смисла, тој е вашиот вистински придружник. Тоа е личноста со која делите исти цели и перспектива, за да можете да се поддржувате еден со друг“.
Пронајдете не на следниве мрежи: