Ребека Лус е една од најпознатите љубовници на светот. Сексапилната бринета во 2004 година на новинарите им раскажа дека била во врска со женетиот Дејвид Бекам и создаде огромна афера за која со месеци пишуваа светските медиуми.
Ребека им ги покажа пораките со непристојна содржина кои наводно Дејвид ѝ ги праќал, им ги прераскажа сите детали од нивните сексуални односи и постојано го предизвикуваше фудбалерот преку медиумите.
Ребека му била лична асистентка на Дејвид и тврдела дека тие двајца се зближиле токму во тој период. Бекам никогаш не ја потврди врската со неа, ниту оваа приказна не го доведе бракот со Викторија во криза, барем не јавно.
После неколку години, светот заборави на Ребека, а овие денови британските медиуми повторно започнаа да пишуваат за неа.
Ребека денес е јога инструктор, живее во Норвешка и е совесна сопруга и мајка на две деца. Таа и нејзиниот сопруг Свен се далеку од градскиот живот и живеат на село, а Ребека се посвети кон здравиот живот, вегетаријанството и семејството.
На Инстаграм ја следат нешто повеќе од 5.000 следбеници, а на фотографиите делува навистина среќно и задоволно. После аферата со Бекам, Ребека краток период станала ријалити ѕвезда и старлета, но денес сето тоа е минато.