Познатиот пејач, Дино Мерлин, неодамна ги распродал картите за дури 4 концерти во белградската „Старк Арена“. Секогаш кога ќе се спомене Дино, мислењата за него се поделени, а сега тоа е насочено и на неговиот семеен живот.
Меѓу оние кои не го сакаат има особено критички настроени кои го коментираат изгледот на неговата сопруга, Амела. Разочарани се, веројатно, бидејќи таа не изгледала како светските топ модели, а некои одат и дотаму што ѝ го фотошопираат ликот.
Но, зад заедничката фотографија на Дино и Амела, всушност се крие приказна за една забранета љубов.
Дино ја запознал Амела на 17 години и оттогаш ја сака само неа. Во брак се повеќе од 3 децении, имаат 2 деца, а сè започнало – тајно.
Родителите на Амела биле против нивната врска, бидејќи Дино бил сиромашен, а таа била студент по архитектура од богато семејство.
„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да нè раздели. Пе 5 години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, кој била кума. Говорот на матичарката ми беше предолг, постојано гледав во вратата да не би дошол некој и да ни ја расипе среќата“, своевремено изјавил пејачот.
По венчавката заминале на свадбено патување во Дубровник. „Кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме „ударот“ на секојдневието. Ме чекаше голема одговорност за семејството и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да чујат за неа. Но, времето лекува сè, па денес нејзините родители ме сакаат и повеќе од што заслужувам“, се присетил Дино.
Пејачот своевремено за босанските медиуми изјавил дека никогаш нема да го заборави моментот кога од првата турнеа низ Југославија се вратил со „празни џебови“.
„Мојата сопруга стоеше на вратата, со бебето. Наида имаше можеби половина година, а неговата сопруга Амела штотуку го завршувала својот архитектонски факултет. Тивко ме праша: „Дали ни донесе нешто? Немам за млеко“. Немав ниту една марка. Ништо не донесов, бидејќи ништо не заработив. Беа тоа големи трошоци. Ќе дадев сè да можев таа вечер да одговорам: „Да, донесов 100 марки“.
Дино во неколку наврати потенцирал дека Амела е идеална за него и голема поддршка во кариерата. „Ако некој имал среќа во животот при изборот на партнер и животен сопатник, тоа бев јас“, пред неколку години изјавил пејачот.
Покрај сопругата, Дино се гордеел и со своите деца – ќерката Наида и синот Хамза.