понеделник, 23 ноември 2026
Најново

МИСЛЕА ДЕКА ЗАГИНАЛА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ, СЕГА СЕ ЈАВИ Турската актерка Кансу Дере

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Турската актерка Кансу Дере конечно проговори откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди оваа земја пред повеќе од еден месец.

Иако претходно се појави видео од нејзиното помагање на жртвите по земјотресот, сепак многумина беа загрижени бидејќи таа не објави ништо на социјалните мрежи.

ТАА ЈА НАВЕДЕ ПРИЧИНАТА ЗА СВОЈОТ МОЛК- Турската актерка Кансу Дере конечно се огласи откако се сомневаа дека исчезнала во земјотресот

Таа сега за Си-Ен-Ен Турк изјави дека некое време не била во јавност бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Не ми беше намерата да загрижам никого. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, рекла таа.

Инаку, нашата јавност ја препознава Канса по улогата во серијата „Езел“. Таа глумеше и во сериите „Сулејман Величествениот“, „Сила“, „Неверство“ итн.

Порано се занимаваше со моделирање. Таа беше Мис на Турција во 2000 година.

Поврзани вести