Тага во семејството Ѓоковиќ

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена денеска на социјалните мрежи обајви дека нивното семејство останало без домашниот миленик.
Нивното куче наречено Тесла денеска требало да полни шест години, но Јелена откри дека тој повеќе не е со нив.
Тие биле исклучително приврзани со Тесла и често го фотографираа за социјалните мрежи.
„Мое малечко, моја ја мала пуфка неодолива, ти посакувам среќен роденден. Засекогаш ќе бидеш во моето срце и ти благодарам што дел од мене однесе таму каде што сите ние припаѓаме“, напиша Јелена Ѓоковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.