Тагувала по момчето за кое мислела дека е починато: Две години подоцна го сретна во ресторан и тогаш започна хаос

На девојка ѝ кажале дека момчето ѝ починало, а таа го сретнала неколку години подоцна, жив и здрав како работи во локалниот ресторан.
Рејчел од Австралија била во врска која наликува на било која тинејџерска романса, а за момчето рекла дека навистина е добро, сè до оној ден кога ја загубило работата и барало од неа неколку илјади долари на заем.
Дел од парите ѝ вратил, но кога раскинале неколку месеци подоцна, одбил да ѝ го врати остатокот и престанал да ѝ одговара на пораките.
Работите станале уште почудни кога неговите пријатели ја известиле Рејчел дека почнал да исчезнува мебелот од неговата куќа.


„Немало мебел, кревет, трпезарија… ништо немало“, објаснила Рејчел.
Првата приказна била дека отишол во Квинсленд, но Рејчел баш и не поверувала во тоа.
Пред воопшто да почне да истражува, мајка му ѝ испратила порака дека нејзиниот син, поранешниот на Рејчел – починал.
„Кога сега ќе се сетам на тоа, навистина звучи глупаво, но немате причина некому да не верувате. Сигурно нема да барате доказ за смрт.“
Рејчел страдала на свој начин и по некое време продолжила понатаму.
Две години подоцна вистината била откриена. Кога се вратила во својот роден град и со пријателката излегла во најблискиот ресторан, го видела поранешното момче живо и здраво како работи таму.
„Бев во апсолутен шок.“
Пред да стигне да се соочи со него, ја замолиле да го напушти ресторанот, а таа одлучила да разговара со полицијата која не можела да направи ништо бидејќи тоа биле “нејзини зборови против негови“. Вечерта повторно ѝ се јавила мајката на поранешното момче која ја обвинила дека направила сцена во ресторанот и дека благодарение на неа момчето добило отказ.
Целата случка и понатаму не ѝ е јасна на Рејчел и ден денес не разбира зошто се случило сето тоа. Најмногу жали што не успеала да седне со него лице во лице и да разговара за сè.
„Имам многу прашалници во главата“, заклучила девојката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.