КАТАСТРОФА ЗА Авдијивка: Загинаа 108 војници кои тргнаа на одмор поради празникот, командата направи фатална грешка

Повеќе од 100 припадници на вооружените сили на Украина, на кои им беше даден седумдневен одмор за Божиќ, наводно загинале на враќање дома.

Шокантната информација денеска на социјалните мрежи ја објави поранешниот советник на украинската влада Виталиј Бала. Познат политичар наведува дека загинале 108 војници од бригадата лоцирана кај Авдијивка, кои биле испратени дома за празниците.

(Видео) Ковачевски ги открива причините за дебаклот на СДСМ на изборите
Поранешниот премиер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски, во прва изјава за медиумите по мајските избори кога СДСМ доживеа класичен дебакл, објасни која била причината за …
Катар станува втората муслиманска нација чии граѓани можат да патуваат без визи во САД
Катар станува  втората земја со мнозинско муслиманско население, чии граѓани можат да патуваат без визи во Соединетите Американски Држави.Стејт департментите и домашната безбедност заеднички објавија дека Катар …

– Организираа ждрепка за да видат кој ќе оди, а војниците кои не беа извлечени беа многу вознемирени и некои дури побараа да бидат сменети. Никој не се согласил на тоа бидејќи сите сакале да се видат со своите роднини со оглед на тоа што немаат отсуство речиси една година. Сите извлечени влегоа во автобусите и си заминаа, но не стигнаа дома. Да имаше автомобили, можеби немаше да се случи таква тага, но нема пари за автомобили – напиша Бала, кој не прецизираше што точно се случило и дали автобусите со војници биле нападнати од руските сили.

Бала наведува и дека нема официјален извештај за смртта на 108 војници.

– Не сакав веднаш да напишам што се случи, мислев дека ќе има некакви пораки, дека ќе се жалат по војниците, но немаше… Не знам што треба да се случи за сегашната Владата да престане да ги крие нашите загуби и да почне да ги почитува мртвите. Ова не може да продолжи – напиша Бала.

Вестта ја пренесуваат и бројни украински и руски канали на Телеграм.

– Има многу такви загуби на фронтот. Нормалните возила се лесен плен за секоја артилерија и беспилотни летала. Авдијивка е под постојан руски надзор подолго време, како и најблискиот заден центар на овој сектор, Курахово. Најверојатно кон нив бил испратен дрон или проектил. Ова е уште една погрешна пресметка на офицерите на заднината кои не размислуваат за безбедноста на војниците – пренесува украинскиот канал Легитимни.

Засега ниту една страна нема официјално соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.