Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде што бил пронајден мртов поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Владимир Машуловиќ.
Според информациите на српски „Телеграф“ 39-годишниот Машуловиќ бил пронајден во близина на тениски терени во Нов Белград.
Неговото тело го пронашол случаен минувач кој веднаш ја информирал полицијата која отворила истрага.
Телото на Машуловиќ е испратено на обдукција каде што треба да биде откриена причината за смртта. Исто така се наведува дека на неговото тело немало видливи траги на насилство.