Тажна вест: Почина човекот кој имаше најдолг стаж во НБА лигата

Легендарниот Ал Мекој, човекот со најдолг стаж во НБА лигата почина на 91-годишна возраст.

Славниот радио водител и коментатор долги години ги следеше натпреварите на Феникс кој преку социјалните мрежи се прости од него.

Мекој дел од НБА лигата беше неверојатни 51 година и тоа цело време беше верен на својот Феникс. Првиот натпревар го работеше во 1972 година, а минатата година мораше да се повлече поради староста.

По неговата смрт се огласи и легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.

„Тажен ден за семејството Санс“, изјави Баркли.

Во 2009 година Мекој беше примен и во Куќатан а славните, а тоа доволно зборува какво значење имаше за Феникс, но и за целата американска кошарка.

Пронајдете не на следниве мрежи: