ТАЖНО: Скопје e прв најзагаден град во Европа

Скопје утрово е најзагаден град во Европа и 11 во светот според податоците од „IQAir“, специјализирана платформа за мерење на квалитетот на воздухот. Индексот на загаденост изнесува 166, што го става градот во категоријата на високо загадени средини, опасни за здравјето на граѓаните.

На глобално ниво, најзагаден град е Делхи во Индија, а по него следуваат Лахор, Вухан, Карачи и други мегалополиси. Скопје е на 11-тото место, единствен европски град меѓу најзагадените во светот.

Граѓанските организации веќе долго време алармираат за сериозноста на проблемот, а на протестниот марш против загадувањето минатиот месец побараа итни и ефикасни мерки. Проблемот не е само локален – според Светската банка, загадувањето на воздухот годишно предизвикува смрт на околу 2.800 жители во Македонија, од кои најголемиот дел се од Скопје и Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи: