Така треба: Одделот за внатрешна контрола не утврди вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека била отворена истрага за полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме. Како што исткана министерот, Одделот за внатрешна контрола при МВР во рамките на утврдени дејствија кои што се сторени, не утврдил дека предметното лице прекршило било каква стандардна-оперативна процедура во рамките на полицијата.

Како што можеше да се види на видео објавено на 28-ми ноември, полицаецот го користел полициското комбе за да се качи повисоко и да го дофати знамето.

Неколку дена по настанот, вицепремиерот Изет Меџити рече дека истите мерки што биле преземени за оние кои го сквернавеле македонското знаме, ќе се преземат и за оние кои го сквернавеле албанското знаме. Вицепремиерот тогаш порача дека побарале дисциплински мерки и за полицаецот од Куманово.

„Никој нема да биде испрашуван или да одговара за прославата или кревањето на државното знаме или други знамиња, но сите што сквернавеле ќе одговараат. Како што беше направено со оние кои го уништија државното знаме, истото ќе се спроведе и во Прилеп со оние кои го сквернавеа албанското знаме, а исто така побаравме да се преземат и дисциплински постапки и да се преземат мерки за одговорност за полицаецот во Куманово кој наместо да го чува редот, се вклучи во нешто што не е во негова надлежност. Тоа е одговорност на општината или на јавното претпријатие кое ги поставува и ги отстранува знамињата, а во овој случај не беше така“, рече Меџити пред речиси еден месец.

Во тој период и заменик-министерот за внатрешни работи , Астрит Исени на својот Фејсбук-профил објави дека ќе има дисциплинска постапка против службеникот на МВР кој го знамето на Албанија од јарбол. Како што вели, секој службеник на МВР има обврска да ги почитува законите и симболите на сите заедници во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: