недела, 29 ноември 2026
Најново

Таксистите не смеат да возат во бермуди и маици без ракави: Строги правила на облекување во престолнината на модата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано се парично казнети поради носење на бермуди , иако во тој италијански град веќе со недели е топло со температури до 35 степени целзиусови, пренесуваат италијанските медиуми.
Според прописот усвоен во 2016 година, таксистите не сема да носат кратки панталони, маици без ракави, без разлика на тоа какви се временските услови. Тие исто така не смеат да носат ниту спортска опрема како што се тренерки.


Миланската полиција од почетокот на топлотниот бар казнила околу 20 таксисти, а казната е 110 евра.
Милано е една од светските престолнини на модата, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени, без разлика модните трендови и временските услови.

Поврзани вести