Таксист му побарал на турист 7.800 денари за возење до Средно Водно

Таксист му побарал на швајцарски турист 7.800 денари за релација од центарот на Скопје до Средно Водно. Кога туристот реагирал за превисоката сума, таксистот станал агресивен и со возилото си заминал.
За случајот информира Министерството за внатрешни работи каде туристот пријавил.
– На 20.04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека бил измамен од таксист за време на возење во Скопје. Според пријавата, тој користел такси превоз на релација од Центар до Средно Водно, при што возачот му наплатил 7.800 денари за услугата. По сфаќањето дека сумата е значително повисока од вообичаената, патникот реагирал, по што таксистот, како што е наведено, станал агресивен и со возилото го напуштил местото, информира полицијата во денешниот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: