Талат Џафери е политичар со највисока плата во Македонија: Дознајте колку пари ќе земат Пендаровски и Ковачевски по покачувањето

По одлуката на Уставниот суд, функционерите ќе земаат и по 1000 евра повисоки плати, а најголемото покачување овој месец ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, спикерот Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.

-Според новите пресметки, со зголемувањето, собранискиот спикер ќе биде политичарот со највисока плата од 166.000 денари, 1500 денари повеќе од шефот на државата поради минат труд. Месечната плата на премиерот Ковачевски ќе изнесува 156.000 денари или повеќе од 2500 евра.

На сметките на вицепремиерите, пак, ќе легнат суми од 122.000 до 129.000 денари.
Прилогот на телевизијата погледнете го во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.