Талат Џафери не се изјаснува за свикување на Собранието, Зибери толкува дека се потребни 2/3 од составот
Официјално во Собранието е архивирана иницијатива за свикување на итна седница со две точки на дневниот ред, потврдување на вонредната состојба два пати по ред од страна на претседателот Стево Пендаровски на 18 март и 16 април. На неа се потпишани 35 пратеници од неколку партии, меѓу кои и Алијанса за Албанците и од БЕСА, но не и пратеници на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Насер Зибери за дебатната емисија „Вин-вин“ на Телма телевизија изјави дека за него пологично би било доколку иницијативата за свикување на Собранието дошла од опозициските партии.
„Во услови на вонредна состојба, надлежностите на Собранието се во рацете на извршната власт, односно Владата и претседателот. Опозицијата треба загрижена како функционира Владата во овој период и како ги користи инструментите, дадени за ваква ситуација, односно да се бара поголема одговорност“.
Според Уставот, претседателот на Собранието е единствениот надлежен кој може да свика седница. Тоа може да го направи по предлог на Владата или со иницијатива на најмалку 20 пратеници.