Талески: Иран да размисли кога го напаѓа стратешкиот партнер на Северна Македонија

А што да се каже, туку да се замислиме. Ова е најдверојатно изјава на деценијата. Се разбира во негативна конотација. Реакциите на социјалните мрежи се жестоки. Но овој апологет на небиднината, кој што сега е поставен за амбасадор во НАТО, не веруваме дека ќе ги отвори и прочита. Не е сега тоа на дневен ред…

Воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на С. Maкедонија, САД. Нападот врз воени бази на САД со можни жртви е напад врз САД, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на во НАТО.
Тоа повлекува вклучување на членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој што вели „еден за сите, сите за еден“, односно ако една членка на НАТО е нападната – нападнати се сите.„Иран треба добро да размисли како ќе се постави во оваа ситуација, изјави за Утрински брифинг Дане Талески.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.