Наградата „Барбара Декс“ која од 1997 година се „доделува“ за најлошо облечен претставник на „Евровизија“ и која минатата година ја доби Македонија и групата „Ај кју“, годинава му припадна на претставникот на Португалија, Конан Осирис.
Според гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на натпреварот, на петтото место се најде и македонската претставничка. На големата сцена во Тел Авив, Тамара беше облечена во зелена креација од Александар Ношпал.
Пронајдете не на следниве мрежи: