Македонската пејачка Тамара Тодевска последните неколку месеци постојано е актуелна во медиумите како поради позитивни, така и поради некои негативни причини, пренесува Вистина.мк
Тодевска од сите досегашни претставници го освои најдобриот пласман, односно прво место од членовите на жирито и седмо место од публиката. Досега таа го оствари најдобриот успех.
За време на евровизиското претставување Тодевска беше подржана од македонската и пошироката јавснота, а регионот ја нарече морален победник.
По нејзиниот историски успех на европската сцена, пејачката откри дека и се отвориле многу врати за светска кариера, но и дека подготвува дует со претставник на Шведска.
Но и не е така се бело….
По „Евровизија“, Тодевска повторно се најде во центарот на вниманието, но сега од негативна страна. Имено, таа во една емисија изјави дека не требало да се земаат пари од Евровизија за да се купат амбулантни возила.
По оваа нејзина изјава таа се извини на јавноста истакнувајќи дека била возбудена и понесена од еуфорија, па лошо се искажала.
Потоа, некои ја критикуваа поради нејзиниот настап на „Парада на гордоста“. Меѓутоа, вистинска кулминација се случи кога на „Денот на независнота“ на САД, Тодевска ја пееше химната и ги испушти делот каде се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандаски.
По оваа како што кажа таа ненамерна грешка јавно се извини на својот „Фесјбук“, а како и претходно истакна дека била возбудена и понесена од емоции, па ненамерно го испуштила тој дел.
По овој скандал, Тодевска наиде на многу критики и негативни коментари, иако можеше да се најде по некој коментар каде што ја подржуваат.
Поради оваа случка Тодевска ги откажа своите концерти во Охрид и настапот на „Пивофест“, истакнувајќи дека целиот настан се претворил во кошмар за неа и нејзиното семејство.
Меѓутоа, деновиве започнаа шпекулации дека наводно Тодевска се сели од Македонија?
Имено, нумерологот Мими во интервју за „Ексклузив“ откри што Тодевска може да очекува во иднина.
Како што кажа таа, ова е само нумерологија, не мора Тодевска да го сфати здраво за готово.
„Според датумот на раѓање Тамара е 3, а според името е 7. Тројката е број кој сака да патува, да се движи, не го држи место, а 7ците се домаќинки. Бројот 7 кореспондира со уметничка душа и покажува дека таа е пречувствителна“ вели Мими и додава:
„Она што е добро за оваа година, Тамара се наоѓа во бројот 1, а до јуни месеци беше во бројот 9. Бројот 1 е број на селидби. Број на менување на место на живеење. Постои можност за промена на дом, место на живеење, па и за промена на место на живеење во друга држава. Значи, можно е да се пресели, макар на извесно време.Од јуни оваа година до јуни следната година, Тамара е во бројот 1, што значи нов животен циклус. Таа се наоѓа во период кога ќе прави многу промени“ вели Мими за „Ексклузив“.
Дали нумерологијата ќе се покаже како точна и Тодевска навистина ќе се исели од Македонија, ќе покаже времето.
За потсетување, иако таа ги откажа концертите во Охрид и Прилеп, Тамара закажа настапи во Шпанија, Данска и Германија.