Нашата позната пејачка Тамара Тодевска дваесетгодишнината од издавањето на својата прва песна ја прослави со нов спот.
Тамара почетокот на овој јубилеј го одбележи со моќна песна „Нијагара“ и спот со кој предизвика внимание во целиот регион.
Главната порака на песната кој е инспирирана од секојдневната борба на оние што некогаш се почувствувале рането, разочарано или биле неправедно етикетирани, е да бидат упорно и да истраат во својата борба.
Како што самата Тамара вели, „Нијагара“ е и човечките солзи, од тага или несреќа, добри и лоши моменти со кои сите се соочуваат.
Песната веднаш ги освои сите и пејачката за неа доби само пофални зборови, и истата е голем хит на социјалните мрежи.
Тамара во спотот игра неколку улоги и сите се одраз на различни емотивни состојби и испраќаат моќна порака.
Но покрај овие улоги, Тамара максимално е посветена и на својата најважна улога во животот. Таа целото своето слободно време им го посветува на своите две деца, Хана и Дарен, кои се центарот на нејзиниот свет.
И како што самата откри деновиве, пејачката не можеше целосно да му се радува на успехот и илјадниците пораки што секојдневно ги добива по објавата на новата песна и спотот, затоа што со нејзината наследничка поминала неколку ноќи во болница заради рутинска интервенција на Хана.
„Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за #Nijagara. На секој еден – премногу се радувам, но со мала задршка, затоа што со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала и рутинска интервенција.
Сега е добра, а јас пресреќна за енергијата која ми ја праќате.
Таа е пораката и на „Нијагара“. Борбата е различна и секојдневна, но љубовта е една и безусловна.
Фала Ви од срце.“ – напиша Тодевска покрај фотографијата од болничката соба на нејзината ќерка.