Тамара Тодевска со песната „Proud” прва се пласира во финалето на Евровизија

Нашата Тамара Тодевска со песната „Proud” („Горда”) се пласира во финалето по цели седум години по одличниот настап во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.


Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа настапи под реден број 17, а придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.