Тампони со канабис против менструалните болки

Дали во текот на „оние“ денови од месецот само сте легнати во вашиот кревет и очајно барате некакво олеснување? Доколку одговорот е да, можеби и вие ќе ги посакате тампоните со канабис.
Тампони со канабис против менструалните болки
Според Foria Relief, производителот на револуционерните женски продукти, овие тампони со канабис можат да помогнат при менструалните болки. Имено, причината се состојките на растението канабис познати како THC и CBD. Бидејќи тампонот се става во близина на местото од каде што почнува болката, ефективно може да ги намали грчевите.


Повеќето жени кои ги пробале тампоните изјавиле дека почувствувале намалување на менструалните симптоми во рок од 15-30 минути. Како резултат, некои производители дури препорачале тампоните да се ставаат ректално, доколку имате проблеми со болки во грбот или колковите.
Марихуаната има долга културолошка историја како природен лек за ублажување симптоми. Па во многу држави во коишто марихуаната е легална, производителите ја додаваат во нивните продукти. Се разбира, овие тампони имаат и повисока цена. Додека не се достапни кај нас, можете да ги најдете во Колорадо и Калифорнија, а цената за 4 тампони е дури 39 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.