Законот со кој се гарантира употребата на албанскиот јазик нема да биде оспорен од Уставниот суд, вели првиот човек на АА Арбен Таравари. Тој, коментирајќи ги најавите на првиот човек на судот, Дарко Костадиновски, за преиспитувањето на законот, вели дека ставот на коалиционите партнери за оваа работа е ист, додека во судот има луѓе кои не и сакаат добро на земјата.
„Не дека разговаравме за тоа, но ги слушнавте ставовите на премиерот Мицкоски. Тој не крие дека законот за јазици не е ни оспорен освен во три члена дека во 2019 година е покрената иницијатива, за валутите, за полициските униформи и за процесите во судовите и обвинителството. Значи го знаеме ставот на нашиот коалициски партнер. Не сакам ни да разговарам за Уставниот суд. Мислам дека, за жал, има луѓе кои не и мислат најдобро на нашата земја. Ги кажуваат одлуките без да да се расправаат во Уставниот суд“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.
По случувањата со балансерот, бранителите и Законот за албански јазик, ВМРО побара мораториум за етничките прашања, но, според Таравари, темите не се актуелизирани од нивниот коалициски партнер.
„Продолжувам да мислам дека ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно не е иницијатор на овие работи. На пример, не можеме да кажеме дека законот за бранители е инициран од ВМРО, за балансерот не можеме да кажеме дека ВМРО ги избра сите тие судии во Уставниот суд затоа што знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ не ги контролира. Повеќето од нив беа избрани од претходната влада. Не се сомневам дека ВМРО го иницираше, затоа што ни на ВМРО во овој тежок период не му требаат вакви отворени теми. Мислам дека премиерот е искрен кога вели дека ни треба пауза, иако не може да се каже мораториум“, додаде Арбен Таравари, претседател на АА.
Таравари овие коментари ги даде на вонредниот Конгрес за реорганизација на партијата во Тетово.