Таравари: Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци

  Министерот за здравство Арбен Таравари сега ретерира.Иако  се уште го чека извештајот од Комисијата формирана на универзитетската Клиника за детски болести по повод случајот со тримесечното бебе со модринки по телото на оваа клиника, сега  смета дека веста за малтретирање бебе е лажна вест.
-Јас вчера бев брифиран од директорот на Клиниката за педијатрија дека случајот е разгледан, разговарано е. Според него, повеќе е невнимание од сестрите со бебе кое што било немирно, меѓутоа не сакам дефинитивно да кажам оти немам писмено испратено. Меѓутоа, преземени се одредени дисциплински мерки и медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти без разлика на етничката припадност, а посебно со децата. Јас се надевам дека мерките што ќе ги преземе Комисијата заедно со директорот ќе се ефектуираат, а ако се повтори повторно, јас мислам дека тогаш веќе веднаш треба да се исклучи медицинскиот кадар. Некакви докази дека намерно тоа е направено нема, така што, јас кажав и на почетокот – да бидеме внимателни да ги слушнеме и двете страни. Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци. Да бидеме внимтелни. Очекувам писмено да ги прочитам сите констатации од Комисијата од Клиниката за педијатрија па повторно ќе ве известам, рече Таравари во Собранието во изјава за медиумите каде учествуваше на седница на собраниската Комисија за здравство.
Семејството на тримесечното бебе , преку новинар, обвини дека медицинска сестра од Детската клиника насилно постапувала со бебето поради етничка нетрпеливост. Од Здружението на медицински сестри апелираа да не се фрла сенка врз професијата и да не се генерализира, и нагласија дека очекуваат надлежните да излезат со вистински аргументи и факти за случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: