Таравари потврди дека Гарип Каба ќе биде нов заменик директор на Царина

Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН потврди дека Гарип Каба ќе биде нов заменик директор на Царина, а за другите предлози Владата се очекува да одлучува во текот на наредната недела.

Таравари најавува и дека собраниската седница за избор на заменици министри се очекува да се одржи на 21 или 22 јули.

“Господинот Каба премина во раководството на партијата и ќе биде заменик директор на Царина на Република Македонија. Неделава ако имаме седница на Влада ќе бидат назначени повеќе од половина од директорите на ВЛЕН. Што се однесува до замениците министри, колку што знам, на 21-22 јули ќе се одржи седница на која ќе се именуваат замениците министри во сите ресори“, рече Таравари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.