Таравари призна: Порано вакви случаи се лекувале без проблем

Министерот за здравство Арбен Таравари прати ново видео од Америка каде се наоѓа на патување во моментов. Во ова видео Таравари ја информира јавноста дека мистериозната болест во Гостивар конечно е детектирана, дека се работи за најлесниот вид на хеморагична треска од која во минатото луѓе се лекувале без проблем.
„Би сакал да ве известам дека овој вирус спаѓа во групата на хеморагични трески, меѓутоа најдобрата, најлесната варијанта, бидејќи не може да се трансмитира од еден човек во друг човек. Така да целосно состојбата е под контрола, значи како министерство ќе продолжиме и понатаму да ги превземаме сите неопходни мерки. Би сакал да ве известам дека од почетокот на годината досега во клиниката за инфективни болести имало и други четири пациенти кои што биле инфицирани со овој вирус и немале никакви последици, се излечени, комплетно се во добра и стабилна состојба, значи ова се сега нови два случаеви и повторно комплетно ја имаме состојбата под контрола.“
Со ова, Таравари соопштува дека од почетокот на годината пред да стане министер четворица пациенти успешно и без последици се излекувале од истата болест од која сега починаа двајца луѓе, а уште неколку се во инфективната клиника.
И покрај тоа што со ова Таравари дава комплимент за работењето на здравствените работници во време на претходната влада, сепак станува збор за голема трагедија која на дело ја покажува неговата неспособност сублимирана во тоа дека со два смртни случаи за него ситуацијата е „под контрола“.
 
 
Министерот за здравство Арбен Таравари прати ново видео од Америка каде се наоѓа на патување во моментов. Во ова видео Таравари ја информира

Пронајдете не на следниве мрежи: