Таравари работи на уништување на АА, треба сами да одиме на избори


Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) вечерва повтори дека според него, партијата треба сама да настапи на претстојните избори.

Како што истакна во гостување на „24 Анализа“, Арбен Таравари работи на уништување на АА и се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ.

– Стојам на ставот дека треба сами да одиме на избори и сум против самоволието во една партија. Нема да дозволам тоа да се случи во моментот кога јас сум претседател на Алијанса. Чинителот кој доведе до таква ситуација во Тетово е Таравари. Кога делуваш политички по наредби, не може да се спречи разединување и тој работи на уништување на Алијансата. Најважно беше партијата да биде соединета, рече Села.

Во наредниот период, напомена, ќе се разјаснат многу работи.

-Се договориме со Таравари дека на изборите Алијанса ќе оди сама и потоа се случи тоа. Не знам кој раководел со Таравари, сега Алијанса се враќа на патот. Не се потпишав за ниту еден кандидат од ДУИ или АА. Таравари ја имаше мојата целосна поддршка ако излезеше како кандидат на Алијанса. Од моментот кога дезертираше, тој не е кандидат на Алијанса. Нема право да свика централно собрание. Во последниот разговор преку пораки го повикав на Централно собрание, а тоа направи паралелизам. Да ја шверцуваш партијата за нечии интереси не му наликува на човек кој се нарекува претседател на партија. Мојот совет е да не се ставаш претседател над својата глава, зошто стануваш вазал. Делот кој раководел во името на Таравари е веќе минато. Ние се занимаваме со печати, на кого припаѓа партијата и со двојни конгреси. Тие не се од легалните структури на партијата, туку се направи од страна на Таравари, без да повнимава на тоа што го пишува во статусот на партијата, нагласи Села.

Додека Таравари бил претседател, АА, оцени Села, секој ја водел.

-Поранешниот претседател Таравари се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја водев партијата и вистина е дека пред неколку недели, додека Таравари беше претседател, партијата секој ја водел, а не членството. Сега, партијата ќе се води од членството на Алијанса. Беше неопходно јас да се вратам, дециден е Села.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: