Запрашан дали се точни дел од информациите дека може да ја напушти коалицијата ВЛЕН и дека бара најмалку 40% од кандидатите за градоначалници, министерот за здравство и еден од лидерите на коалиција, Арбен Таравари денеска рече дека ваквото прашање е ирелевантно за моменталната состојба. Според него, меѓукоалициски разговори се политички теми.-Денеска сум фокусиран на темата здравство. Во коалицијата ВЛЕН состојбата е релативно стабилна. И во владината коалиција, се е во ред досега, рече кратко Таравари на прес-конференција.Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека владината коалиција функционира одлично.
Пронајдете не на следниве мрежи: